Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на покана на Здружението на правници од здравството на Република Македонија, го отвори овогодинешното 23-то советување на правниците што од 3-ти до 5-ти мај се одржува во Струга. Директорка пред присутните претставници на здравствените институции и членови на здружението, од поширок аспект го презентираше системот на финансирање на здравството во Македонија и проблемите и предизвиците со кои се соочува, притоа правејќи паралела со останатите земји и трендовите на светско ниво.
Презентацијата на директорката можете да ја видите на следниот линк:
Dir. M-r Maja Parnardzieva Zmejkova – Sovetuvanje na pravnici 03.05.2012 Struga