Почитувани колеги,
Почнувајќи од 15.05.2012, коментарите нема да бидат анонимни и ќе им бидат дозволени само на оние корисници кои што уредно си ги исполнуваат обврските за членарина.
Пристапот ќе се обновува на секои 365 дена. Пример: ако некој има платено членарина во ноември 2011, пристапот ќе биде активен до ноември 2012.
Коментарите и понатаму пред да бидат објавени ќе се модерираат со цел да се заштити достоинството и угледот на здружението и веб сајтот. За да ви биде овозможен пристап, испратете email на следнава адреса registracija@zplrm.mk со следните податоци:
Име и презиме на докторот, лозинка (која што можете да ја промените), име на ординацијата и град/населено место каде што истата се наоѓа. Ве молиме дозволете до 48 часа за да добиете повратен одговор на истиот email со кој ќе ги пратите наведените податоци.
Со почит,
Управен одбор на ЗПЛРМ