Почитувана Адријана,
Ви се обракам во името на сите матични доктори во РМ. Моето име е Лилија Чолакова Дервишова и сум претседател на сите приватни лекари во РМ. Кога ја прочитав изјавата на колешката кај мене се јави страшен револт бидејќи има неточни податоци и не би сакала јавноста да се дезинформира.
Малку да се вратиме наназад за да биде се појасно,приватизација во здравство е почната во мај 1992 година,а матичен доктор како институција постои од 01.08.1997 година.Сите кои имаа завршено медицинскифакултет а не ги примаа во јавно здравство од 1992 година отворија приватни ординации .Тоа се пионерите на приватното здравство во Македонија.Начинот на плаќање беше плаќање по услуга,со минутажа од 48о мин на ден.Просекот кој можеше да се добие со исполнета минутажа беше 92500 денари.И тоа не е плата за доктор,туку паричен надомест од кој се плаќаше плати за доктор,сестра,фактури,ампуларија,кирија за простор,фирмарина ,книговодител и хигиеничар и др.
Да се биде приватен доктор на почетокот беше многу тешко,требаше да си навистина квалитетен за да дојдат пациенти.Општите доктори макотрпно се бореја за да си најдат место под сонце во државата.Имавме најразлични директори на Фонд,Министри за здравство што воопшто не не примаа.Па се прашувавме всушност за кого постојат тие .
Замислете во 1994/95 имаше наредба да во иста ординација не смее да има двајца доктори,па тие што немавме просторија плус ,си ги напуштивме вторите доктори и тие останаа без работа.Мораше да се прават плус санитарни тоалети колку што има доктори во една приватна ординација и што ли не поминавме во оваа транзиција.
Паричниот надомест тогаш го добивавме целосно без цепкање,но се случуваше да поминат и 60 дена никој денар да не префрли од Фондот за здравство,ниту да не удостои да ни се каже кога ќе има пари.Потоа крајот на 1999 /2000година се менува системот на плаќање по капитација.И почнува исплата 68% со 2% за едукација и 30% од сумата ја добивавме на три месеци-значи три пати по триесет посто одеднаш.Овде многу е важно да се каже да е битен бројот на прикрепени пациенти за еден доктор.
Кога ќе ви префрлат 116ооо денари тоа да е 70% и од тоа треба да платите персонален ,плати за два тима доктор сестра веднаш ќе Ви кажам да тоа се 90000 денари за плати.Каде е струјата,ампули,вода телефони,хартии,рецепти амбулантски дневници,книговодител,хигиеничар,одржување на компјутери,програми,осигурање на ординациите од полави,кражби,и најважно овие приватни општи доктори СЕ САМИ СИ КУПИЈА , ОПРЕМА, ДУРИ И ПРОСТОРИИ ЗА РАБОТА САМИ СИ ОБЕЗБЕДИЈА.
Тоа значи да се што добиле го инвестирале во здравствениот сектор,за да имаат достојни ординации за своите пациенти.Така се гради имиџ на добар доктор.Ние не наследивме пациенти,туку здрави,болни,оперирани,одевме на работа секој ден.Пациентите не ни ги даде ни Фондот ни Министерството.
Докторите во Македонија во моментот се осигурани на минималец за да можат да платат се друго што е потребно кон државата,десет години бодот не е мрднат.
Очекуваме фидбек од државата,т.е реформи на нешто што почнало во некое друго време,во минатиот век.Апелирам да докторите треба да држат до своето ниво,и за проблемите кои постојат треба да си ги решаваме меѓу нас во ЗПЛРМ, ЛК а не на штета едни на други.Оваа држава му овозможи на секој кој сакаше можеше да дојде и да биде приватен.
Сите што се во примарно здравство,па и специјалистите по школска медицина можат сега да лекуваат од 0 до 100 години.Но за да се дојде до пациенти е многу тешко,треба докторот да даде многу енергија,да има многу знење,љубезност,позитивна енергија и да си ја сакате работата.Тоа е рецепт за добра бројка пациенти,а сумите од 4000 до 6000 евра се научна фантазија на некои колеги.
Со почит
Претседател на здружение на приватни доктори на РМ
Др Лилија Чолакова Дервишова