Назад на соопштенија
Соопштенија #159

Приватните лекари се за дополнително осигурување

Здружението на приватните лекари на Македонија го поддржува предлогот за дополнително осигурување. Лекарите сметаат дека со мали средства граѓаните ќе добијат подобри здравствени услуги.

– Мора нешто да се доплати. Треба да бидеме свесни дека не постои бесплатно здравство, само треба на народот убаво да му се објасни каква е користа од дополнителното осигурување. Секоја промена наидува на критики. Така беше и кога се воведуваа матичните лекари, што излезе најдобар проект во здравството – изјави вчера д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението.

Објавено во Дневник од 12.11.2010

Линк