Назад на соопштенија
Соопштенија #163

Соопштение бр.23

На ден 18.11.2010 се одржа состанок помеѓу Директорот Илчо Захариев, Проф.Милошоски и Д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Тема на разговор беше Режим на препишување на лекови.

Директорот Илчо Захариев беше категоричен да Фондот со овој режим на препишување го крши законот.Од неговиот ресор за овој проблем е одговорна Меријен,која веќе има разговарано со Министерот.Кај него веќе има иницијатива за промена на режимот за препишување.

Од ЗПЛРМ до сега се ипратени три писма, едно до Министерот во шести месец, едно до Министерство и трето, лично до Илчо Захариев.

После притисоците од ЗПЛРМ во самото Министерство за здравство веќе сериозно се работи на промена на режимот.Мора да се промени во интерес на пациентите.Овој режим сега како што е напишан претставува терет за пациентот.