Од: ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Дата: 19.12.2010
Реакција по повод пресот на Здружението на вонболнички гинеколози и Здружението на приватни лекари на Македонија
Почитувани,
Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија не се согласува со искажаните ставови и пренесувањето на ставовите од овие две здруженија.
Во меѓусебните обвинувања на гинеколозите, се запрашуваме зошто се споменува ФЗОМ во било каква конотација. Затоа ќе ви обрнеме внимание на 3 точки во кои ФЗОМ се пронајде:
1. Капитацијата на гинеколозите изнесува 45 денари месечно по пациентка, не како споменатите 31,5 денари.
2. Во врска со антенаталините протоколите не постојат никакви „дисонанти“ помеѓу ФЗОМ и МЗ, туку протоколите се во целосна надлежност на Министерството за здравсвсто.
3. Во 2010 година после 3 години преговарање, на гинеколозите од ПЗЗ им е зголемен лимитот за капитација од 2000 на 2500 поени, пред да почне да се намалува само за пациентиките над оваа бројка од 2500 поени. за Ваша информација 2500 поени помножено со 45 денари изнесува 112.500,00 денари за еден тим од доктор и сестра што ФЗОМ исплаќа месечно.
Фонд за здравствено осигурување на Р.Македонија
Фајлот може да се превземе во делот Превземања или на следниот линк: Реакција Гинеколози