Назад на соопштенија
Соопштенија #2165

Губење на пациенти во Куманово

Почитувана Др Лили,

Повторно Ви пишуваме за проблемите кои се јавуваат во нашиот град Куманово а кои ги засегаат сите матични доктори. Имено, 20-25% од запишаните пациенти кај еден матичен лекар, поради некоја причина се одјавени и стојат слободни, без избран матичен лекар. Зошто се случува ова?

Тие пациенти најчесто имаат промена на некој од податоците, дали осигурувањето, бројот на здравствената легитимација и слично. По автоматизам, софтверот кој го користат во ФЗОМ им го брише матичниот лекар. Некои од овие пациенти кои почесто доаѓаат во нашите ординации ги откриваме и повторно ги пријавуваме, но голем е бројот на оние за кои воопшто и не знаеме дека се одјавени.

Како решение, не би знаеле што да понудиме, можеби промена на софтверот кој го користат во ФЗОМ или нешто сосема друго, но во секој случај решение мора да се најде.

Бројката на вакви случаи е многу голема, без тие пациенти нашите ординации се доведени на работ на егзистенцијата.

Со почит,

Др. Фатмир Асани
Координатор на ЗПЛРМ Куманово