Назад на соопштенија
Соопштенија #2254

СТАРТУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ

· 1 слика

Разболувај се до 65 денари

Ог­ра­ни­чу­ва­ње­то на ре­цеп­ти за пре­пи­шу­ва­ње ан­ти­би­о­ти­ци и ан­ти­деп­ре­си­ви, што ста­пи во си­ла од пр­ви овој ме­сец, им ос­та­ва прос­тор на ма­тич­ни­те ле­ка­ри да на­пи­шат ре­цеп­ти во вред­ност од 65 де­на­ри од па­ци­ент за си­те ле­ко­ви или 25 де­на­ри од па­ци­ент за ан­ти­деп­ре­си­ви и ан­ти­би­о­ти­ци. Со ова ог­ра­ни­чу­ва­ње, здравс­тве­ни­те влас­ти, ка­ко што об­јас­ну­ва­ат, се оби­ду­ва­ат да ја на­ма­лат не­ра­ци­о­нал­на­та пот­ро­шу­вач­ка на ан­ти­деп­ре­си­ви и ан­ти­би­о­ти­ци, што во пр­ви­те шест ме­се­ци од ми­на­та­та го­ди­на бе­ше мно­гу ви­со­ка.

Од Фон­дот за здравс­тве­но оси­гу­ру­ва­ње ве­лат де­ка со но­ви­те до­го­во­ри ма­тич­ни­те ле­ка­ри мо­жат да пре­пи­шу­ва­ат ре­цеп­ти во вред­ност од 350 де­на­ри за бод (бо­до­ви­те се од­ре­ду­ва­ат спо­ред ста­рос­та на па­ци­ен­ти­те), а во рам­ки на оваа су­ма да пре­пи­шат ан­ти­би­о­ти­ци и ан­ти­деп­ре­си­ви во вред­ност од 150 де­на­ри за бод. Ле­ко­ви­те што тре­ба да ги до­би­јат па­ци­ен­ти­те по пре­по­ра­ка од спе­ци­ја­лист или суб­спе­ци­ја­лист, ма­тич­ни­те ле­ка­ри ќе мо­жат сло­бод­но да ги пре­пи­шу­ва­ат без ог­лед на ог­ра­ни­чу­ва­ње­то.

От­та­му об­јас­ну­ва­ат де­ка, на при­мер, ако не­кој ма­ти­чен ле­кар има 1.000 па­ци­ен­ти, а ако во про­сек еден па­ци­ент но­си два бо­да и ако овие број­ки се пом­но­жат со 350 де­на­ри, кол­ку што е ог­ра­ни­чу­ва­ње­то, се до­би­ва су­ма од 700.000 де­на­ри за ре­цеп­ти го­диш­но.

“Ме­сеч­на­та кво­та за ма­ти­чен ле­кар кој има 1.000 па­ци­ен­ти, спо­ред оваа прес­мет­ка, би би­ла 65.000 де­на­ри, а ако се по­де­ли со бро­јот на па­ци­ен­ти, из­ле­гу­ва 65 де­на­ри од па­ци­ент за си­те ле­ко­ви. Но во прак­са тоа не фун­кци­о­ни­ра та­ка, би­деј­ќи не си­те па­ци­ен­ти што ги има од­ре­ден ма­ти­чен ле­кар тој ме­сец ќе по­ба­ра­ат ме­ди­цин­ска по­мош”, ве­лат од ФЗОМ.

Од Фон­дот убе­ду­ва­ат де­ка не­ма да се слу­чи па­ци­ен­тот да ос­та­не без пот­реб­на­та те­ра­пи­ја, за­тоа што ле­ка­рот ќе се ис­пла­ши да не го над­ми­не ли­ми­тот и не­ма да му да­де ре­цепт.

“Прес­мет­ки­те ги пра­ви­ме на квар­тал­но ни­во, од­нос­но на се­кои три ме­се­ци се гле­да кол­ку ре­цеп­ти се ре­а­ли­зи­ра­ни, а по­тоа и на го­диш­но ни­во. Ако се слу­чи во еден ме­сец ле­ка­рот да го над­ми­не ог­ра­ни­чу­ва­ње­то за пре­пи­шу­ва­ње ре­цеп­ти, во те­кот на след­ни­те два ме­се­ца мо­же да се по­рам­ни и пов­тор­но да си ја до­бие це­лос­на­та ка­пи­та­ци­ја”, ве­лат од Фон­дот.

Д-р Ли­ли Чо­ла­ко­ва-Дер­ви­шо­ва, прет­се­да­тел на ма­тич­ни­те ле­ка­ри, ве­ли де­ка оваа мер­ка е доб­ра, би­деј­ќи од пре­го­ле­ма упот­ре­ба на ан­ти­би­о­ти­ци, па­ци­ен­ти­те ста­ну­ва­ат ре­зис­тен­тни на ле­ко­ви­те, а ќе не­ма­ат проб­лем и со оние па­ци­ен­ти што бук­вал­но до­а­ѓа­ат и ба­ра­ат да им се пре­пи­ше ан­ти­деп­ре­сив без ог­лед да­ли им е пот­ре­бен.
За зго­ле­ме­на­та упот­ре­ба на ан­ти­деп­ре­си­ви и ан­ти­би­о­ти­ци, пред око­лу три ме­се­ци алар­ми­ра­ше и ми­нис­те­рот за здрав­ство Ни­ко­ла То­до­ров, кој нај­а­ви де­ка ќе нап­ра­ват струч­на ана­ли­за за тоа на што се дол­жи зго­ле­ме­на­та упот­ре­ба на ле­ко­ви про­тив стрес.

Спо­ред по­да­то­ци­те од ФЗОМ, во пр­ви­те шест ме­се­ци од ми­на­та­та го­ди­на би­ле пре­пи­ша­ни и из­да­де­ни 8,8 ми­ли­о­ни ле­ко­ви. Од оваа број­ка на ре­цеп­ти, 832.023 би­ле за ле­кот за ви­сок кр­вен при­ти­сок “ена­лап­рил”, 447.235 за ле­кот за кар­ди­о­вас­ку­лар­ни бо­лес­ти “пен­ток­си­фи­лин” и 433.330 за ан­си­о­леп­ти­кот “ди­ја­зе­пам”. (Е.А.)

Извор