Назад на соопштенија
Соопштенија #227

Уплати за Лекарска Комора

Почитувани колеги,

Проверете си ги уплатите за Лекарска Комора. Секој доктор треба да има уплатено по 8.400,00 денари за нова лиценца и членарина во износ од 1.440,00 денари за седум години.

Побрзајте со средување на уплатите и не чекајте да дојде 15.03.2011. Тоа е важно, за да може теничката служба на ЛКМ да Ви ја изготви лиценцата до 15.03.2011.

Ако од сумата за членарина за седум години имате нешто уплатено, минусирајте ја таа сума од вкупната која што треба да се плати.

Препорака: Почнете редовно да си уплаќате за следните седум години за да не се собира голема сума.

Поздрав до сите!

Со почит,

ЗПЛРМ