Почитувани колеги,
Преговорите со ФЗОМ завршија и оваа година има неколку придобивки и придвижувања кон напред.
Казните се намалени и за прв пат нема казна цела капитација туку пола и четврт.Ова е заради економската стабилност и функционирање на ординациите.
Во член 9 контролата ќе иде на крај од година само во четврто тромесечие и ќе Ве контролира за цела година и ако најде не реализирана цел ќе се казнува само за таа цел во тоа тромесечие.
Од 01.07.2011 ќе мора се да се принта,рецепти,упати.Ова преговарачите го прифатија за да се заштити членството од казни (ако некој не пише дата на рецепта или на упатите да не се внесе дата,број на картон или број од амбулантски дневник).
Ако принтате се излегува со самото принтање.И така сте заштитени од пропусти.
Во обврски на ФЗОМ има и Фондот да негува добри односи со здравствената установа.
Во член 25 ако сте на подолготрајно боледување и не можете да најдете замена се продолжува периодот најмногу на 60 дена, а претходно ви се бришеа пациентите, а сега ке се замрзнат.
Ве молам да си ги прочитате новите договори и максимално да се придржувате на нив.
Со почит,
Управен одбор на ЗПЛРМ
Линкови: