Од први март матичните лекари ќе земаат повеќе пари од фондовската каса. Надлежните им го вратија капитациониот бод што беше намален со воведување на антикризните мерки.
Охрабрени од ваквата мерка инсистираат на дополнителни финансии и тоа директно од џебот на пациентите со плаќање на партиципација.
Барањето веќе го доставиле до Владата и министерството за здравство.
Целта им била да воведат ред во амбулантите каде често доаѓале и пациенти без потреба.
Свесни дека тоа ќе создаде револт кај граѓаните, коментираат дека во ниедна земја нема бесплатно здравство.
– Не може во еден ден да прегледате 70 или 80 пациенти. Таа партиципација нема да биде многу висока. Во ниедна земја нема бесплатно здравство. Сакаме да ги заштитиме жените кои плаќаат на гинеколог и повеќе од дозволеното, изјави Лиле Чолакова Дервишова претседател на здружение на приватни лекари.
Во Македонија примарната заштита е бесплатна и тоа е регулирано со закон. Но во меѓувреме во тек се измени на законот за здравствена заштита како и утврдување на пакетот за здравствени услуги.
Барањата на лекарите доаѓаат во време кога Фондот им овозможи големи олеснувања при склучување на новите договори. Не само што ќе добиваат повеќе пари туку ги намалија и казните за матичните.
– Ги повикувам сите жени кои на гинеколог плаќаат повеќе од 60 односно 150 денари со фискални сметки да ги пријават во Фондот за здравствено осигурување. Тогаш нашите контроли ќе отидат на лице место да проверат. Во меѓувреме имаме и 24 часовна мобилна контрола која ќе оди на терен, изјави Маја Парнарџиева Змејкова директор на ФЗОМ.
Со зголемување на капитациониот бод на матичните, Фондот годишно ќе издвојува 120 милиони денари.
Сања Димитровска
Видеото можете да го погледнете на следниот линк:
novini-vo-dogovorite-megju-fzom-i-matichnite-lekari-i-ginekolozi