Назад на соопштенија
Соопштенија #281

Состанок на Управниот Одбор на ЗПЛРМ 13.02.2011

На ден 13.02.2011 година во Велес се одржа состанок на управниот одбор на ЗПЛРМ.

Дневен ред беа следните точки:

1.Известување за новите договори со ФЗОМ
2.Стартување на семејна медицина турнуси и модули
3.Покачување на бодот од 1 март
4.Медиуми
5.Барање од педијатрите
6.Проблеми по градови
7.Работна група која учествуваше во изготвувањето на работната верзија за упатување

Набавки на компјутери,принтери и друго.

Гости Директорот на Контракс и Директорот на АМЦ

Состанокот помина во пријатна атмосфера со многу дискусии.Сите координатори по градови беа известени за придобивките од овогодинешните преговарања со ФЗОМ.Намалени казни,помалку контроли,поголема свест кај докторите,зголемен е периодот за да си најдеме доктор во случај на подолготрајно боледување ,Фондот да негува добри односи со ординациите,издавање на пропусници на вработените ако некаде некој испадне,пријавување на украдени факсимили и др.

Принтање на рецепти-проблем како ќе се принтаат кога замената од друга ординација ги нема пациентитена другит колега.Заклучок- да мора многу порано да се почне со систематизирање кои ќе бидат нашите следни цели за догодина.

За семејна медицина се информираа колегите да првите специјализанти за доедукација почнаа.Обавуваат турнуси на Клиника во траење од 5 дена и модули во Скопје и Прилеп за викенди.Се појавија проблеми да колегите кои се од Прилеп и Битола не можат да патуваат секој ден и тие се со престој во Скопје цела недела.Додека замените ќе мора да прифаќаат и сигурно ќе се случи прекорачување на издавање на рецепти,боловања и упати.

Бидејќи замените имаат помалку буџет за рецепти.Овде ќе мора да се притиска преку Министерство да не смее да биде казнет доктор или ординацијата која има специјализант.Тоа е проект на Министерство и очекуваме заштита.Цената за доедукација е 80000 денари плус 300 евра специјалистички и за оние со помалку стаж е 130000 плус 300 евра.

Околу покачувањето на бодот беше објаснето да претходеле многу медиумски активности од страна на претседателот на ЗПЛРМ и некои негови членови. Пред да се покачи бодот Др Лилија учествуваше заедно со портпаролот на ФЗОМ Бранко Аџигогов на емисија Паричник на Скај нет.Во тоа излаганје побарано јавно да ни се врати бодот на 50 денари.Другиот ден Премиерот потвдува враќање на бодот.

Педијатрите не се задоволни што ФЗОМ не им дозволува да препишуваат лекови од режим РС.Имаат барање да преминат во секундарно консултативна дејност и со тоа ќе можат да препишуваат лекови од тоа ниво.Им беше соопштено да е разговарано со сектор Фармација во ФЗОМ и да наскоро ќе има корекција на режимот.

Проблеми по градови-Во Куманово,Крива Паланка,Кратово,Кавадарци нема ИЛ обрасци и колегите не можат да функционираат,ниту да пријавуваат ниту да одјавуваат пациенти.Многу сериозен проблем кој мора веднаш да се надмине.

Во Куманово ги тераат да дежураат.

Во Струмица и Лозово полицијата им пуштала фактури на докторите кои ќе побарале интервенција за психички болни.Овој проблем ќе мора да се разреши со Министерство за внатрешни работи.

Во Прилеп и Битола е проблем препишување на терапија за пациенти со болна тиреоидеја.Овој проблем ќе се надмине со новата промена на режимот која ќе следи.Исто и за Андрокурот како лек.

Во два состанока со советникот на Министерот Никола Грпчевски ,Ана Петрова-правник од Министерство,Др Лилија Чолакова,Др Влатко Симоновски, Др Влатко Јовановски, Др Милорад Ристески, Др Иво Соколовски и Др Ана Петровска од ФЗОМ работеа на материјалот за новиот начин на упатување.

Педијатрите се дискриминирани што ФЗОМ што стручно ги девалвира и не дозволува да препишуваат лекови од режим РС (Препишува лекар специјалист) туку режим Р (лекар по оп. медицина.)

*Педијатрите бараат да ФЗО да им овозмози склучување на договори за Специјалистичка консултативна дејност на оние педијатри кои тоа го сакаат со можност да оние кои не сакаат дејноста може да ја обаваат во примарна здравствена заштита како лекари специјалисти по педијатрија. За овие работи се бара да се разговара со директорот на ФЗО а не со *сектор фармација на ФЗО, вели Др. Бекир, специјалист педијатар од Гостивар.

Состанокот заврши со заклучок да мора да се продолжи со праксата на посетување на градови за викендите и да се информираат колегите во врска со новите договори.