Почитувани колеги,
На ден 24.02.2011 Претседателот на ЗПЛРМ беше повикан од страна на Државниот секретар за здравство и и беше даден документ во кој Министеството бара од докторите во приватно здравство да се опремат технички за проектот ИЗИС до крај на мај 2011.
Од страна на Министерството за здравство ќе бидат дадени по два читача на едно ПЗУ,лиценциран антивирус и бесплатна програма. За ИЗИС ке треба мрежа меѓу двата компјутери на сестра и доктор,печатар,интернет.
Министерството бара точна бројка колку ПЗУ има во секој град и колку пункта за да можеме на ниво на здружение да се организираме и ако настапиме единствено за се ќе се добијат големи попусти.
Д-р Лилија Чолакова Дервишова има разговарано со директорот на АМЦ за компјутери, разговарано е со директорот на Кејблтел за интернет, разговарано со директорот на ЕУРОИНС за да се види какви се типови на осигурување може да дадат за да докторите си ги осигураат своите ординации или да се заштитат од лекарска грешка.
Замислата е да се направат ваучери и сите што се членови на ЗПЛРМ со доказ дека уплатиле чланарина за здружението ќе ги добијат попустите.За се ќе бидат одговорни координаторите по градови.Ајде колеги добро да се организираме.