Почитувани,
Од 01/07/2013 важат новите измени од Правилникот за содржината и начинот на оставување на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување, а кои се однесуваат на изборот на лекар од примарна здравствена заштита. Сакам накратко да Ве информирам за овие промени бидејќи имаме неколку јавувања од колегите од подрачните служби и видовме дека не сите ја толкуваат промената како што треба.
1. Прва измена е дека се укинува можноста осигуреникот да направи одјава од избран лекар на шалтерите на подрачните служби.
2. Втора измена е дека осигурениците кои немаат ЕЗК прават само избор на нов лекар. Кај новиот лекар кој сакаат да го изберат треба да го потпишат пополнетиот ИЛ образец (се спроведува класичната постапка за избор како и до сега) . Избраниот лекар до подрачната служба ИЛ пријавите ги доставува како и до сега во електронска форма според тековната процедура. Доколку осигуреникот имал друг избран лекар во системот со спроведување на новата пријава се врши автоматска одјава од стариот лекар со датум на одјава кој е ист со датумот на пријава кај новиот лекар.
3. Третата измена се донесува на осигурениците кои имаат ЕЗК. За овие осигуреници избраните лекари имаат можност преку порталот на Фондот да направат електронска ИЛ пријава. Пријавата исто така ја забележуваат на хартиен ИЛ образец, но тој не го доставуваат до подрачните служби на фондот. Од него само го препишуваат серискиот број од ИЛ образецот кој е потребен за електронската пријава. Хартиениот образец се остава во картонот на осигуреникот.
И за двата случаи важи контролата на најмногу два пати промена на избран лекар во годината.
Како што гледате во работењето на референтите за вчитување на електронски фајлови и нивна обработка не се менува ништо. Кај нив се скратува само работата со тоа што веќе не спроведуваат рачни одјави и пријави.
Референтите овој месец треба да ги обработуваат сите електронски фајлови со пријави и одјави од избраните лекари за периодот до 01/07/2013 година, каде се вршат старите контроли т.е за нив не се врши автоматска одјава од претходниот лекар.
За пријавите со датум на пријава по 30/06/2013 година избраните лекари треба да носат само електронски фајлови за пријава.