Назад на соопштенија
Соопштенија #317

Состанок со Мајкрософт Македонија

Почитувани колеги,

Низ Македонија има пуштено 40 инспектори кои проверуваат дали Вашиот софтвер е лиценциран. Ако не е, тогаш се конфискува компјутерот неповратно и следува кривична казна.

Заради тоа, Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова договори состанок со менаџментот на Мајкрософт во Македонија. На ден 03.03.2011 се одржа средбата во просториите на Мајкрософт и се договоривме да станеме стратешки партнери.

За една недела ќе добиеме специјална понуда само за доктори и мораме сите кои немаме лиценциран софтвер да си купиме. Ќе имаме дадено временски рок. Во прилог ви го праќам текстот кој е во закон.

Препорака КТИС

Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова