Зголемена капитација за лекарите од 45 на 50 денари откако претходно поради кризата Фоднот за здравство ја намали. За секој прегледан пациент наскоро лекарите ќе добијат 10 проценти повеке за грижата кон пациентите.
– Проценката е дека за матичните лекари ова значи зголемување меѓу 10.000 до 15.000 денари месечно, изјави министерот за здравство Бујар Османи по работната средба со Здружението на приватни лекари на Република Македонија.
Задоволни од разговорите со министерот, лекарите оценија дека само со конструктивен дијалог може да се надминат евентуалните проблеми и македонското здравство да се придвижи кон европското.
Извор: Канал 5