Назад на соопштенија
Соопштенија #335

Посета на членството во Дебар 09.03.2011

На ден 09.03.2011, претседателот на ЗПЛРМ го посети членството во Дебар.

Целта на оваа средба беше да се информираат колегите за сите новини во врска со приватното здравство.Прво се информираа за новиот договор со Фондот,намалените казни,вратениот бод на 50 денари,промените во врска со контрола на целите,за издавање на пропусници и др.

За новите проекти од Министерство,за семејна медицина,ИЗИС,новини кои ќе следат околу упатувањето.

Колегите воопшто не се запознаени за режим на пропишување на лекови.Беа информирани за обавезната лиценца на Микрософт која треба да ја имаат.

Денес, координаторот за овој град беше известен да донесе протоколи од Проектна за да подели по колегите.За поделбата на ваучери која ќе се случи во скоро време за набавка на компјутери,интернет,осигурувања и др.

Имаше реакции дека тие се доктори и дека не можат да се караат со пациентите околу препишувањето. Други прашуваа како ќе одат на семејна медицина кога од еден доктор до друг кој е замена има и по 11 километри.

Еден колега од село Џепиште замолува да биде прогласен за рурален кој опслужувал две села со околу 700 пациенти и се наоѓале на граница.Средбата почна во 13 и 30 а заврши во 15 часот. Присутни беа и претставници од локалниот фонд.