На ден 20.03.2011 година ЗПЛРМ одржа состанок со членовите кои се координатори по градови за да ги информира за сите ново настанати работи.
Првата информација беше да најитно што треба да направат сите доктори е да си набават лиценци за своите компјутери.Како здружение мора да настапиме организирано и единствено.
Информација добија каде можат со попуст да добијат продукти-се поделија флаери од Контракс, АМЦ, Хенди, Кејбл тел и Еуроинс. Потребно е виндоусот да биде Professional 32 bit. Само на него функционира ИЗИС.
Колегите добија информација да многу поевтино е да се набават нови комјутери со лиценца отколку на старите да се инсталира истата.На секого му се остава да си направи избор кој што ке купи.Ке се направи план како да се поминат сите градови и да им се одговори на сите прашања за кои тие не го знаат одговорот за да не се случи два пати да плаќаат за иста работа.
Од претставниците кои беа на средба со Министерот – се информираше за разговорите на тој состанок.
Истите информираа и за следната средба која беше повторно во Министерство заедно со претставник од ФЗОМ.
Педијатрите мора да направат листа на лекови на кои би сакале да се промени режим на препишување и ФЗОМ кажа дека ќе мора нова листа на лекови да се направи – кои би се изземале од нашиот буџет.Старата плус некои други лекови.
На Влада ќе одат две прашања – кој ќе биде статусот на новиот семеен доктор- значи што ќе може да препишува,упатува,кои услуги ќе биде обавезен да ги пружа и за која капитација.
И друго до 700 пациенти за втор доктор да не треба сестра за ново вработени.Се отворија многу прашања ,за новиот ЗЗЗ , за кој ЗПЛРМ го кажа својот став.
Колегите сакаат да го прослават 7 Април –се договоривме да се искоординираме со ЛК.Да се види каков е планот нивни.
Имаше реакции во врска со изјавата на доктор од Систина – ги нападна матичните доктори дека не лекувале совесно и дека заради тоа многу пациенти оделе многу касно кај кардиохирурзите.
Се донесе заклучок дека ќе им се прати официјално писмо во кое ќе се укаже дека таквиот начин на напаѓање без аргументи не е добар и не води никаде .Во системот на здравството си требаме сите и само со добра комуникација можеме сите да одиме напред.
Со почит,
Управен одбор на ЗПЛРМ