Почитувани колеги,
После многу јавувања денес сметам дека ЗПЛРМ му должи мало појаснување на членството околу електронската апликација за новите договори за следната година.Тоа е огромен чекор напред и има придобивки.
1.Порано постојано аплициравме со еден куп хартија – сега ке аплицираме само со тоа што ќе ја дадеме нашата изјава во нашите подрачни.
2.Имаше години кога одевме сите во Скопје и таму ги остававме нашите документи-сега веќе тоа е минато и од кога е Директорката Маја Парнарџиева Змејкова на чело на ФЗОМ сите аплицираме во нашите подрачни единици.
3.И најголемата придобивка е тоа што Електронскиот потпис е БЕСПЛАТЕН И ЌЕ СЕ НАПРАВИ САМО СО НАШИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЦИ.
Со почит,
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова