Назад на соопштенија
Соопштенија #3774

Привремени ограничувања за приоритетни упати

Во Мој Термин се воведени привремени ограничувања за некои матични лекари да не можат да креираат приоритетни упати. Пораката која ја добиваат е: „Во моментот не ви е дозволено да креирате приоритетни упати. Ве молиме совесно
да се придржувате кон пропишаните процедури за упатување со повисок приоритет во Мој Термин“.

Доколку некој од нив се јави, и прашува зошто не може, тоа да му се повтори, да ги прочита упатствата за процедурите кога се упатува со Приоритетен упат. Ако не знае каде да ги најде, може да му ги пратите на емаил уште еднаш.

Исто така, за одредени специјалности во дадени клиники има привремено ограничување да не може да се пратат повеќе приоритетни упати бидејќи имаат премногу приоритетни кои чекаат за преглед.