Назад на соопштенија
Соопштенија #378

Коментари на www.zplrm.org.mk

Почитувани колеги,

Поради забележаното оставање на коментари со недолична содржина и злоупотребата на можноста за коментирање (од иста ИП адреса се јавуваат повеќе личности, а всушност станува збор за едно лице кое се претставува под различни имиња и остааваат коментари со цел да создадат нереална слика за работата на ЗПЛРМ), времено коментирањето се затвора.

Коментарите сеуште ќе можете да ги испраќате, но прво ќе бидат модерирани, во смисла дали ќе се одобрат или не.

Кога коментарите повторно ќе станат слободни за објавување (без модерација) би Ве замолиле да го зачуваме нашето интелектуално ниво на комуникација. Тогаш, ако повторно се забележат коментари со недолична содржина, истите ќе бидат отстранети од страна на администраторот без објаснување.

Со почит,

ЗПЛРМ