Назад на соопштенија
Соопштенија #408

Наредба – Морбили

Почитувани колеги,

На следниот линк можете да ја превземете најновата наредба од Министерот за здравство во врска со најновите предложени мерки од Комисијата за заразни болести со цел спречување на ширење на епидемијата на морбили.

Наредба морбили

Ве замолуваме да ја проследите до Вашите колеги матични лекари, со цел брзо информирање и постапување по истата.

Од исклучителна важност е навременото пријавување на заразното заболување при појавата на нов случај, заради превземање на сите превентивни мерки од страна на епидемиолошките служби.

За таа цел, матичните лекари се клучната алка и Ве молиме да ги потсетите Вашите колеги за навремено доставување на пријави за заразни заболувања, кои што согласно според законот, мораат да бидат пријавени најдоцна во рок од 24 часа до регионалниот Центар за јавно здравје на својата територија во писмена форма, но веднаш по телефон и факс.

Ви благодариме за Вашата соработка.

Министерство за Здравство