Назад на соопштенија
Соопштенија #4092

Појаснување околу целите за 2014-та година

Почитувани колеги,

Заради многуте јавување од страна на поголем број на колеги за тоа што се е променето од почеток до сега околу реализацијата на целите за 2014 година би сакала да дадам мало појаснување.

1.Како прво-Целите не се планираат оваа година на тромесечие-туку се годишни.

2.Фондот прифати да пратено писмо е реализирана цел.Само да се внимава да се прати на точна адреса-проверена преку Мое осигурување.

3.Фондот прифати да важат резултати и од приватни лаборатории.

4.Фондот прифати да амбулантите кои се рурални и имаат до 1800 бода – да не прават цели.

5.Сите матични доктори да се јават кај своите раководители по градови и да си подигнат флаери за дијабет.На секој пациент кој има дијабет-да му се врачи флаер на кој ги има сите компликации кои можат да настанат ако истиот не се грижи за своето здравје.Нека Ви се потпише пациентот и со тоа целта е реализирана.

6.Флаери за хронични нефролошки пациенти ќе бидат готови во Март 2014.

7.На сите пациенти од 14 до 24 години пополнете им прашалник.

8.На сите пациенти од 25 до 65 години – како Ви идат во амбуланта пратете ги да си направат крвна слика-за цели е потребно холестерол,шекер,креатинин и урина.Направете им ЕКГ и во зависност од ризикот се упатуваат или не на специјалист.

9.На специјалист се упатуваат со Приоритетен упат на кој се назначува да е за цел.

10 .За ОГТТ ќе се упатуваат само оние пациенти кои имаат БМИ над 30 и позитивна фамилијарна анамнеза.

Со почит Др Лили