Назад на соопштенија
Соопштенија #4282

Упатување на трудници во ГОБ 8-ми Септември (Амбуланта за трансфузиологија)

Почитувани,

Ве известуваме дека доколку упатувате трудници во Амбулантата за трансфузиологија во ГОБ 8-ми Септември исклучително само за одредување крвна група потребно е тоа да го правите со ПРИОРИТЕТЕН специјалистички/субспецијалистички упат, а не со упат со термин.

Ове е потребно бидејќи пациентите не влегуваат на преглед кај доктор, туку само им се зема крв и се одредува крвната група. Од тие причини не е потребен термин за преглед кај доктор.

Напоменуваме дека ова важи исклучително само за одредување на крвна група на трудници. Доколку се потребни дополнителни испитувања/прегледи во склоп на истиот упат тогаш се закажува преглед со термин кај докторот специјалист.

За сите останати прегледи постапката на упатување е непроменета односно упатувањето на преглед се врши со закажување на прегледи со термин (датум, час) кај докторите во ГОБ 8-ми Септември.

Со почит,
ГОБ 8-ми Септември
и
Министерство за здравство

Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk
тел: (02) 15 444