Назад на соопштенија
Соопштенија #4397

Писмо од УК за Очни болести – Скопје

Почитувани,

На следниот линк можете да го превземете официјалното писмо од УК за очни болести Скопје, во кое е објаснет начинот за правилно упатување на пациенти кај Асс.Др. Беким Татеши согласно распоредот за работа на Клиниката за очни болести Скопје.

Известување до Матичните лекари-07.05.2014

ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се придржувате до начинот за правилно упатување кај Асс.Др. Беким Татеши како во иднина би се избегнале проблемите настанати заради погрешно упатување на пациентите.

Дообјаснување: За бебиња со дијагноза РОП (Прематурна ретинопатија), упатувањето е кон апаратот Прематурна ретинопатија со специјалност: Офталмолошки апарати, а прегледот го прави Асс.Др. Татеши. Ова упатување се прави ИСКЛУЧИТЕЛНО од доктори офталмолози-специјалисти.

Со почит,
Мој Термин,
Министерство за здравство
www.mojtermin.mk
тел: (02) 15 444