На ден 28.04.2011 Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова имаше средба со Директорката на ФЗОМ Г-ѓа Маја Парнаџиева Змејковска.
Целта на средбата беше размена на информации и тековни проблеми. Од страна на Фондот се добија информации да на последниот управен на Фондот поминале барањата за педијатри и гинеколози за промена на режим на лекови кои сме ги побарале.
Три лека од болничка листа-онколошка терапија-се симнати на Р со конзилијарно мислење. Би требало за неколку дена да стапи на сила промената.
Молба до сите координатори по градови уште еднаш да ги известат сите колеги за новите ортопедски потврди и за начинот како се издаваат се со цел да нема додатно малтретирање на пациентите .
Од страна на Др Лили се побара побрзо склучување на анексите на договори за колегите.
Објаснување на новината за оние што имаат приход да ќе немаат сини картони.Беше објаснето од страна на Директорката да целта да тие што навистина имаат приходи финансиски се натераат да плаќаат во здравството,се пријават а не да се на товар на Биро за вработување.Ми беше покажан документ на кој бројот на вработени и осигурани расте во Државата.
Добивме документ на кој се бара мислење од гинеколози кој е долна граница за женска популација за да си избере матичен гинеколог.Ист таков документ е доставен и до ЛК- пренесов да ќе добијат официјално став од гинеколозите кои мислат да таа е од 11 година на животот.Тоа е период од кој веќе се јавуваат првите проблеми со циклусот.
Повторно се побара да имаме пристап до нивната база на податоци за пациенти за побрзо да може да ги исчистиме нашите бази.