Почитувани колеги,
ова е линкот преку кој треба да си пополните образец за Барање за електронска картица.
Барање за издавање на електронска здравствена картичка
На страната на Министерство во делот Е здравство под ЕЗК има начин како да се инсталираат драјвери за читачите кои ќе ни ги даде Министерство.
Сите координатори по градови да се јават кај Митко Јанкуловски од Министерство за здравство за да подигнат читачи за електронски картици. Да го контактираат на мобилен телефон на 075 276 647 ден пред да одат да подигнат со точна бројка на ПЗУ –а.
На секое ПЗУ му следуваат по 2 читача.Со барањата за електронска картица треба да се достави лична карта а за децата извод од матична книга на родените. Истите ќе ги доставите до Вашите подрачни на Фондот.
Со почит,
Др Лилија Чолакова Дервишова