Почитувани,
Имајќи сознанија и полемиката која ја имаа вашите членки во врска со воведувањето и правилното лиценцирање на компјутерскиот систем кој го имаат, а се со цел за приклучување на ИЗИС, УО на ИКТ комората на својата последна седница расправаше по оваа информација.
Согласно усвоениот став на УО на ИКТ комората, ви испраќам линк кој води до понуди на наши членки, направени за намената на опремување на ординациите за приклучување на ИЗИС системот. Понудите се прегледани и ги исполнуваат критериумите според препораката на Министерство за здравство како и Законот за авторски и сродни права.
Се надевам со оваа информација ќе успееме да помогнеме да вашите членки направат правилен избор за истата.
Со почит
Саша Огненовски
Претседател на ИКТ комора
ул. Прашка бр 23
1000 Скопје
тел. 02 3091 440
www.ikt.com.mk