Назад на соопштенија
Соопштенија #633

Може и генерика и продажно име на лекот

Почитувани колеги,

Заради многуте јавувања од Ваша страна би сакала уште еднаш да појаснам околу препишувањето на рецептите – дозволено е да се напише генерика на лекот со продажно име. При принтањето може да кликнете и на продажното име, на пример Скоприл и да Ви се појави Генерика Лизиноприл. Се зависи како преферира пациентот.

Со почит,

Д-р Лилија Чолакова – Дервишова