Назад на соопштенија
Соопштенија #650

Известување во врска со пензиски број на Rp

Почитувани,

Во врска со реакциите кои што ги добива Фондот за здравствено осигурување на Македонија во врска со дополнет пензиски број на рецептниот образец, Ве информираме дека во интерес на осигурените лица и со цел да не бидат оштетени аптеките со кои ФЗОМ има договор, став на Фондот е рецептите на кои е дополнет пензиски број на осигуреникот, а кој ги содржи сите други потребни податоци согласно прописите, ќе бидат прифатени.

Фондот укажа на одредена софтверска куќа да направи корекции кај лекарите согласно важечкиот Rp образец, што досега веќе требаше да биде имплементирано во целост.

Уште еднаш потсетуваме дека упатството за рачно пишани рецепти е објавено и на web страната на Фондот и апелираме истото да се применува и во аптеките, односно да не се враќаат осигуреници кои доаѓаат да подигнат лек на товар на Фондо со уреден рачно пополнет рецепт.

Со почит,

Kristina Hristova
Sektor za farmacija, Direktor
Fond za zdravstveno osiguruvanje na Makedonija
Ul.Makedonija bb, 1000 Skopje
mob.++38976454090
tel.++38923289091
telefax ++38923289048
www.fzo.org.mk