Почитувани колеги,
Во врска со најновото пријавување на сите осигуреници кои се преку Биро за вработување, би Ве замолила сите кои ќе дојдат во ординација да ги потсетите дека мора да се пријават наново и да прикажат колку имаат приходи на нивните трансакциски сметки. На оваа тема е разговарано со Директорката на Фондот Г-ѓа Маја Парнаџиева Змејкова уште при крајот на месец април и целта била тие кои се водат како невработени, а добиваат големи суми по основ на субвенции и исплата за тутун и др – да почнат да плаќаат во нашиот фонд барем по 1200 денари.
Со почит до сите,
Др Лилија