Назад на соопштенија
Соопштенија #6946

Известување од ЗПЛРМ Охрид

Почитувани колеги,

На 03.02.2016 ќе се одржат две работилници за целите 2016. ЗПЛРМ обезбеди 5 теми кои се акредитирани и носат по 5 бода. Цената е симболични 300 денари по работилница за 4 работилници. Петтата тема, Canabis Sativa ЗПЛРМ ја дава гратис.

Во моментов, само теми на ЗПЛРМ се акредитирани и може да се презентираат.

Доктори од Охрид и половина доктори од Ресен термин во 13:30.

Доктори од Струга и друга половина доктори од Ресен во 15:00.

Ќе бидат презентирани по две задолжителни теми од целите 2016 и поделени два сертификати.

Треба да се уплатат вкупно 600 денари на сметка на ЗПЛРМ.

Жиро сметка: 300000000032240
ЕДБ: 4030997339917
Комерцијална Банка АД Скопје

ЗПЛРМ за своите членови обезбеди и нови поволности за кои навремено ќе ве известиме.

Со почит,

Др. Љупчо Костески