Назад на соопштенија
Соопштенија #757

Записник од одржаниот состанок на Управен одбор на ЗПЛРМ од 25.08.2011

Присутни

Др Лилија Чолакова Дервишова
Др Мевледин Куч
Др Милорад Ристески
Др Иле Стаменковски
Др Владо Јовановски
Др Биљана Огњанова
Др Љупчо Стефановски
Др Мухарем Салиу
Др Мила Проданова
Др Лидија Милошевска
Др Соња Маврудиева
Др Нора Димшоска
Др Зорица Јовановска
Др Ејуб Ѓулше
Др Живко Даскалевски-член во оставка

Останатите членови се јавија да нема да можат да дојдат бидејки некои се сеуште на одмор а дел не можат да дојдат бидејки замените им се на одмор и сами ги одржуваат амбулантите.

Дневниот ред беше прифатен од сите присутни.По првата точка од дневниот ред-информација за сите дописи од Фондот Др Лилија презентираше да за многу кратко време пристигнати се многу писмени известувања од Фондот за здравство.

Една од новините ке биде да од 01.09.2011 матичниот доктор ќе може да издава рецпти за хронична терапија до 180 дена со назнака на месеците.Секако една рецепта важи само за 30 дена.За антибиотик и наркотици останува –за акутна терапија само 5 дена.

Околу рецептите за Инсулин-тоа е програма на Министерството за здравство-затоа уште еднаш известување до сите матични да тој лек не влегува во нашиот буџет.

Друго известување пристигна да матичниот доктор внимателно ги пополнува сите обрасци-рецепти ,упати.Контролата на Фондот досега за ова била построга кон болниците,но отсега ке се внимава и како се издадени од страна на матичниот доктор.Се известија сите присутни да има и листа на лекови кои се двојат,за листа на лекови кои можат пациентите да ги добијат од докторите во дежурна служба.Најмногу се дискутираше околу дописот од Фондот –да не смее да се зама крв за лабораториски услуги по ординациите каде нема лабораторија.Во дописот јасно стои да не постои законска регулатива која дозволува земање на крв и нејзино транспортирање заради анализа во друга здравствена установа.За ова Фондот има пратено и допис до МЗ каде истото е на ставот да оваквото работење на здравствените установи претставува повреда на законската регулатива.Прилог допис писмо бр.16-636/2 од 12.07.2011.

Друго известување е да секторот информатика ги има направено сите потребни измени за електронсо вчитување на ИЛ обрасците.Но овде колегите од Скопје па и другите дискутираа да најдобро би било прво да се вчитуваат одјавите ,па потоа пријавите и да овој дел во Скопје подрачна некако функционира.Многу често се случува колегите да се враќаат заради нефункцонирање на програмот.

Друг допис доставен до ЗПЛРМ е за новиот Правилник за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задплжително здравствено осигурување.Дел од правилникот стапува на сила од 01.09.2011 а дел од 01.01.2012.

Допис за сите факсимили на специјалистите кои имаат договор со Фондот-се наоѓаат на страната на Фондот.
Да се внимава на времетраењето на препораките за лековите од РС и РСС и важноста на препораките е до првата контрола кај докторот или до една година.Отпусното писмо треба да се чува во картонот на пациентот.Ова упатство се однесува за Специјална болница Филип Втори,Клиничка болница Систина,ПЗУ Систина-офталмологија и Турска европска очна болница.

Известување да во скоро време ќе има промена на рецептниот образец.

Известување да пациентите треба да ги информираме да има лекови и без доплата.

Фондот достави до докторите и предлог на нова Л Листа-претходно докторската фела имаше доставено барање за измена.Колегите коментираа на оваа тема да новата предлог листа не ја прифакаат .Докторите имаат потреба само да се додадат скапите спрејови.Но во исто време не смееме да дозволиме да се избришат антидепресивите и другите лекови.Така да до фондот ке се достави да подобро е да остане старата Л-листа.

Околу втората точка на дневниот ред-пријавувањето на пациентите кои се преку Биро за вработување.
Др Лилија им објасни да за оваа тема веќе два пати има разговарано со Директорката на Фондот.Ова бил проект на Министерство за финансии кој до сега е одлаган веке цела година и сега е влезен во закон.Препорака е да се наплати на приватно прегледот на секој пациент кој нема син картон и кој не си ја средил здравствената книшка.

И за третата тема –работилниците со сектор Фармација.

Одржани се повеќе работилници низ Македонија со една единствена цел да се информираат фармацеути,доктори-што е правилен рецепт,запазување на режим на лекови.Да некогаш и лек кој е на позитивна листа може да се издаде на розов рецепт ако индикацијата не е во согласност со правилникот на Фондот.

Под точка разно се дискутираше-Што ќе превземе ЗПЛРМ ако пак ни се касни со исплатата.Претседателот ги информираше присутните да е реагирано медиумски,со допис до Министерство за Финансии.Истото има доставено допис да фиксен термин за исплата на средствата треба да бараме од Фондот з здравство.Имаше предлози да се бара камата за каснење,бидејки и на нас докторите сите ни ставаат камата ако закасниме да платиме картица или кредит.

Потоа се дискутираше околу семејната медицина.Тоа е тема што мора да се дискутира со новиот Министер.Не прифатливо е да возрасни луѓе сега полагаат испит четири дена.Примарно беше договорено тоа да биде доедукација.За ова посебен состано во месец септември ќе се организира.Имаше прашања до каде е со новиот критериум за боледување.Членството се договори да годишно собрание на ЗПЛРМ се организира на 29.10.2011.Навремено ќе биде известено членството.

Од Прилеп координаторот-реагираше –зошто пак се контролираат рецепти за лани октомври,ноември 2010-кога за тој период еднаш се контролирани.Се бараше од Др Милорад кој е претставник во комисијата за казни при Фондот-да реагира и да не смее да се казнува за ланска година.Поготово што еднаш е реагирано за тој период .

Др Живко извести да е во оставка и да од Битола ќе пратат друг човек што ќе иде на состаноци.Потпретседателот Куч кажа да од септември пак ке се мине по градови за да се слушнат проблемите на колегите и да може да се сублимираат.

Се известија сите присутни да ги информираат колегите по градови да си ја пополнат апликацијата на сајтот.Се поголем број доктори сакаат да добиваат информација лично на својот е- мејл.

Колешката Др Елица од Струмица испрати писмен допис за неколку проблеми.
Раководителот на полицијата по однос на транспортот на душевно болни инсистира истиот да биде на товар на матичниот доктор.

Право на концесија ако лекарот е на специјализација

Препораки за РС рецепти

Правилник за боледувања

Најголемиот број од присутните кажаа да средбата која се одржа во Велес на 08.06.2011- била прекрасна -помеѓу ЗПЛРМ и ФОНД.И да само со искрен дијалог може да се променат многу работи.