Назад на соопштенија
Соопштенија #841

Приватните лекари не можат да си го наплатат трудот – Канал 5 06.10.2011

· 1 слика

Приватните лекари во Македонија веќе немаат пари за медицински материјали и за поправка на апаратите. Државата половина година им доцни со исплатите за материјални трошоци и четири месеци за капитација или со надоместокот за секој пациент, велат од еснафското здружение.

– Пресметајте, значи април, мај и јуни се фактурираат на 5 јули. Ние парите треба да ги добиеме по шеесет дена, а тоа е 5 септември. Денеска сме веќе 6 октомври, а април, мај и јуни не се исплатени, вели д-р Лили Чолакова, претседател на Здружението на приватни лекари во Македонија.

Доцнењето на исплатата на парите, за 1.400 приватни здравствени организации и со над 2 илјади лекари, започнало на почетокот на годинава. Тие до сега безуспешно реагирале во министерствата за финансии и за здравство. Сега бараат итна средба со премиерот Груевски и министерот Тодоров на која освен за парите сакаат да разговараат и за промени во здравствениот систем. Таа мора да се одржи итно за да не се повтори случајот како со приватните лекари од Неготино кои овие проблеми ги натераа да заминат во странство, велат од еснафско здружение.

Убавка Јаневска

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: Приватните лекари не можат да си го наплатат трудот