Назад на соопштенија
Соопштенија #870

Известување за имплементација на ЕЗК

Почитувани,

Фондот за здравствено осигурување на Македонија се наоѓа во фаза на имплементација на проектот за Електронска здравствена картичка (ЕЗК). Со овој проект, ЕЗК треба да добијат сите осигурени лица на територијата на Република Македонија. Со цел да ја забрзаме постапката за издавање на ЕЗК за категоријата осигуреници- пензионери Ве молиме во рамките на Вашите можности да ни излезете во пресрет и почнувајки од 17 октомври 2011 годинаи ни помогнете при дистрибуција, пополнување и прибирање на образецот БК, како и дополнителната документација потребна за издавање на ЕЗК. Фондот за здравствено осигурување со целосна доверба Вас ви се обраќа за помош бидејки избраните лекари се во честа и непосредна комуникација со оваа чувствителна категорија на осигуреници. Излегувајки во пресрет на ова барање на Фондот ќе го дадете Вашиот придонес за успешна реализација на проектот за СЕЗК. За таа цел Ве замолуваме да го информирате членството со достава и на процедурата и Образецот БК кои Ви ги доставувам во прилог.

1. Скенирано известување кое е доставено до Вашето здружение
2. Скенирана процедура за поднесување на барање за ЕЗК за пензионери
3. Образец БК

Известување до ЗПЛРМ

Процедура за поднесување на барање за ЕЗК за пензионери

Барање за пензионери