Назад на соопштенија
Соопштенија #950

Допис од ФЗОМ во врска со листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот

Почитувани колеги,

Добивме допис од ФЗОМ во врска со Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и ќе се применува од 15.11.2011 година.

ЗПЛРМ многу пати дискутираше и пренесуваше мислења од секој град за проблемите околу режимот за препишување и за индикациите.

Фондот врз основа на нашите дописи и барања, ги прифати и направи промена.

Сигурна сум дека промените ќе ги има и во електронска форма на сајтот на Фондот.

Во кратки црти-околу промените:

Омепразол и Ланзул симнати на Р

Урсодеоксихолик и сулфосалазине – симнати на РС

Бисопролол и карведилол додадени индикации-хипертензија и ангина пекторис

Околу препарати за тиреоидна жлезда – да може да препишува и специјалист од нуклеарна медицина

Салбутамол,таблети,спреј,сируп на Р

Аценокумарол – да може и трансфузиолог

Прамипексоле-да може да пише и невропсихијатар

За спрејовите додадено – и медицина на труд да можат да препишат

Назален спреј Флутиказон-на Р

Пропафенон-се додава и за коморни аритмии

Амоксицилин-и за тонзилофаригит,ендокардитис

Бензатин феноксиметил пеницилин-аеропбни и анаеробни инфекции,одонтогени инфекции

Амоксицилин и клавулоник ацид-инфекции на горен и долен респираторен тракт,уринарни инфекции,инфекции на средно уво и одонтогени инфекции

Антитуберкулостатска терапија –додадено пнеумофтизиолог и др.