На ден 16.11.2011 година се одржа средба помеѓу Претседателот на ЗПЛРМ и Заменик Министерот за здравство
На истата се дискутираше за проблемите на приватниот сектор
1.Рурални амбуланти-Која стратегија ке ја завземе Министерството за да опстојат руралните амбуланти?Да се направат заеднички средби помеѓу Фондот и Министерство
2.Партиципација во примарно здравство-дали Министерството сака квалитет во лекувањето,бидејќи сега имаме квантитет
3.Семејна медицина-каква перспектива,стимулации,акредитации на болниците во секој град
4.Што со бодот за капитација-како планираат да се движи во следните години
5.Превенцијата кај матични доктори и гинеколози-да биде поквалитетна и да се направат проекти за да се искористат средствата за превенција
6.Да се интервенира во Куманово-да се изменаџира кадарот од Здравствен дом,Ургентен центар-Докторите сеуште дежураат без договор со Здравен дом и без паричен надомест
7.Да се интервенира да се стопира појавата –Продажба на лекови во аптеките во Македонија без рецепт,без лекарска книшка .Прашање е кој ги лекува пациентите во државата.Дали матичниот треба да има увид што пие и како се лекува матичниот пациент?
Состанокот беше конструктивен и траеше еден час.