Чаеви од камилица, липа или нане наместо антибиотик без причина. Здравствените власти им порачаа на граѓаните да не пијат капсули и за обична настинка.
Нивната нерационална употреба доведува до резистентност кога не помагаат ни повеќе видови на антибиотици. Во Македонија се уште нема случаи на супербактеријата која е присутна во повеќе европски земји. Но во болниците и натаму се присутни резистентните МРСА и ешерихија коли.
…Минатата година имаме 200 случаи на МРСА што значи дека с енамалува бројот а тоа се должи на стратегијата шт оја направи мултисеткрката комисија, вели Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје.
И покрај законската обврска дека антибиотик во аптека не може да се добие без рецепт, има случаи каде пациенти без проблем доаѓаат до посакуваниот лек.
…овој период ќе направиме засилени контроли и таа пракса не смее да се применува, вели Илчо захариев директор на Бирото за лекови.
Минатата година државата потрошила околу 30 милиони евра з антибиотици. Според статистичките податоци, македонците повеќе пијат капсули од Данците и Финците а помалку од Србите и Грците.
Сања Димитровска