Почитувани колеги,
Вчера Претседателот на ЗПЛРМ даде изјава за новинар на Алфа телевизија во врска со руралните амбуланти.Во целата дискусија најмногу се обрна внимание да Министерството за здравство е тоа кое треба да води сметка за опстојувањето на руралните амбуланти во државата.
Мора оваа држава еднаш за секогаш да има национална стратегија за следните 20 години за здравството и да се направи проект како да се сочуваат овие амбуланти и не само тоа туку да се најде начин и луѓето да се вратат во руралните области.
Факт е да политиката замешала прсти во изминатиот период –па затоа е дадено и толку рурални амбуланти-на пример во близина на еден километар од град..Нормално е да има промени во поглед на оваа проблематика,бидејќи се најдени и многу неправилности и нелогичности.
И колегата др Живко Даскаловски како претставник за рурални амбуланти од ЛК има дадено изјава за истата телевизија.
Коментари од Алфа ТВ: